Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера(04.12.2018) во име на Владата на Република Македонија со Меѓународниот економски форум „Перспективи” од Дубровник во Загреб, Република Хрватска, потпиша „Протокол за партнерство и соработка”, со кој се прифаќа иницијативата Република Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи” во 2019 година. Со прифаќањето на оваа инцијатива, се очекува надоградба на деловниот имиџ на Македонија, како земја која е посветена на економскиот развој и унапредувањето на претприемачките слободи.