Почетна

 

 

Апостолска: Со цврсти законски гаранции ги олеснуваме и охрабруваме инвестициите на компаниите во технолошко унапредување и отворање на нови работни места

4 декември 2019

Со цврсти законски гаранции воведовме олеснувања во реализацијата на нови инвестиции, стабилната финансиска рамка за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите влева доверба и охрабрување кај успешните компании да бидат уште повеќе успешни, технолошки да се унапредуваат и отвораат нови и добро платени работни места, порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска при денешната посета на швајцарската компанија „Даниел Рухти “ во Скопје.

Апостолска: Компаниите ја препознаa поддршката на Владата, се реализираат нови инвестиции

29 ноември 2019

Компаниите ја препознаa поддршката која Владата ја дава во насока на стимулирање за реализирање на нови инвестиции за проширување на производствените капацитети, усвојување на нови и напредни технологии, формирање на развојни центри и освојувањето на нови пазари. Охрабрувачка е пораката која ја добиваме од бизнис секторот, бројот на склучени договори согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите од 97 во 2018 година се зголеми на 120 нови и 51 анекс на договор кои годинава беа потпишани со домашни и странски компании, рече министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска при денешната средба со менаџментот на компанијата „Раде Кончар-Контактори и Релеи“ од Скопје.

Министерот Хасан на 10-тиот Босфорски Самит во Истанбул

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што учествува на 10-тиот Босфорски Самит во Истанбул. На Самитот учествуваат претседатели, премиери, заменици премиери и министри од целиот свет. Овој Самит традиционално се одржува секоја година во Истанбул, 10 години по ред. Целта на Самитот е да се стимулира глобалната соработка, да се зголеми трговската размена и инвестициите и да се создаде дискусија помеѓу политичари, бизнисмени и слично. Самитот трае 3 дена, од 27-ми ноември до 29-ти.

Апостолска: Владата цели кон унапредување на деловните релации помеѓу домашните и странските компании

27 ноември 2019

Со Планот за економски раст за прв пат се воведени конкретни мерки кои во својот фокус го опфаќаат проблемот како странските компании во земјава да развиваат деловни релации со домашните и да ги вклучуваат во нивните добавувачки ланци. На тој начин Владата цели кон унапредување на состојбите и надминување на ниските 10% учество на домашните компании во обврските кои ги имаат странските компании, рече министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска на бизнис форумот „Визија за поголема соработка помеѓу ДМСП и МНК во земјава“, во рамки на панелот „Менторството како алатка за воспоставување на соработка? Искуства и научени лекции“, кој во организација на Институтот за економско истражување и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) денес се одржа во хотел Мериот во Скопје.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна