Почетна

Министерката Апостолска се сретна со германскиот амбасадор Герберих

29 мај 2018

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера(понеделник 28 мај 2018 година) во амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје оствари работна средба со германскиот амбасадор Томас Герберих.

На средбата се разговараше за економско-трговските релации помеѓу двете земји, можностите за нивно понатамошно унапредување и поголемо искористување на потенцијалите за инвестирање во Република Македонија од страна на германски компании.

Министерката Апостолска ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија пред италијански компании

7 мај 2018


Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони(ДТИРЗ), Александар Младеновски,  денес во просториите на Стопанската комора на Македонија, во Скопје, пред повеќе италијански компании го претставија новиот пакет на мерки за поддршка на инвестициите на Владата на Република Македонија. На работната средба присуствуваа амбасадор на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео, претставници на италијанската трговска организација „ИТА“ и „Конфиндустрија – Македонија“.

Министерката Апостолска на Форумот „Инвестиции за долгорочен економски развој“: Бизнисот својот просперитет го препознава во иновациите

25 април 2018

Mинистеркa без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска  заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев учествуваше и имаше свое обраќање на Форумот „Инвестиции за долгорочен економски развој“, во организација на Сојузот на стопански комори.

Апостолска-Петков: Унапредувањето на политичките односи внесе позитивна динамика во економската соработка помеѓу Македонија и Бугарија

23 април 2018

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков.
 

Pages

Subscribe to RSS - Почетна