Почетна

 

 

Апостолска пред романски компании од регионот Прахова: Политиките за поддршка на инвестициите ви обезбедуваат долгорочни и развојни економски перспективи во Северна Македонија

11 ноември 2019

Поволните политики за поддршка на инвестициите кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија ви обезбедуваат стимулативна и предвидлива бизнис клима, која ветува долгорочни и развојни економски перспективи за вашите бизниси, им порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на претставниците од Комората за индустрија и трговија на Прахова, Романија, каде денес во градот Плоешти ги претстави можностите и условите за инвестирање во Северна Македонија, за што беше изразен голем интерес и присуство од страна на компаниите членки на комората.

Апостолска пред германски компании од Баварија: Со силна и стимулативна економија Северна Македонија е одлично место за инвестирање

31 октомври 2019

 

Северна Македонија е одлично место за инвестирање, за реализација на нови ивнестициски проекти од страна технолошки напредни компании, со силна и стимулативна економија што се должи на активните економски политики на Владата кои овозможуваат сериозна финансиска поддршка за компаниите во реализацијата на нивните инвестициски намери, порача министерката Зорица Апостолска пред менаџментот на две компании од регионот Баварија, со кои имаше одвоени средби во рамки на дводневната работна посета на Германија. Станува збор за производни компании кои доѓаат од секторите производство на стакло и преработка и производство на метални компоненти. Двете компании се наоѓаат во фаза на одлучување за проширување на нивните производствени капацитети надвор од Гемранија и имаат изразено интерес за можностите за инвестирање кои се нудат во Севрна Македонија.

Министерот Елвин Хасан во работна посета на битолски компании

Вчера владата ја одржа 159-тата седница во Битола, која е прва од низата седници што ќе се одржуваат во различни региони во државата. Еден од приоритетите на седницата беше одлуката за склучување договори за доделување финансиска поддршка на компании. Со таа цел, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан посети три битолски компании кои во 2018-та добиле финансиска поддршка согласно Законот за Финансиска поддршка.

Апостолска: Новите инвестициски циклуси на странските компании се потврда за стабилното и предвидливо економско опкружување

15 октомври 2019

Одлуките да ги прошируваат своите производствени капацитети и да реализираат нови инвестициски циклуси на странските компании кои веќе работат во земјава се најдоба потврда за стабилното и предвидливо економско опкружување кое го создадовме преку активните политики за поддршка на инвестициите, истакна министерката Зорица Апостолска на вчерашната средба со менаџментот на германската компанија ВИК Груп, од каде што најавија планови наредната година да реализираат дополнителни инвестиции во проширување на производствените капацитети и асортиманот на производи на посточеката фабрика во ТИРЗ-Прилеп.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна