Министерот д-р Бардуљ Даути во службен состанок со преставници од компанијата ГЕС

 21 Февруари, 2020

 Министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија, г. Бардуљ Даути, на   ден 21 Февруари 2020 во 14 часот во салата 117 на Владата на РСМ имаше средба со претставниците на компанијата ГЕС од Каиро,   Египет кои потпишале договор за инвестирање во индустриската зона во Скопје во 2016 год.

Во состанокот беа присутни   Министерот Бардуљ Даути, Мухамед Ајман претставник на ГЕС, Милена Николовска истотака од ГЕС, Рамазан Шаќири шеф на кабинетот на министерот Даути, Снежана Костовска Фрчковска шеф на кабинетот на Заменичката на претседателот на Владата на РСМ, Димче Лазаревски државен советник, Деборах Лакордова правник во РСМ, проф. Лупчо Петкуќевски правен службеник, Николина Стојановска и Един Факиќ од ТИРЗ, и посебниот советник на министерот Африм Тхачи.

Министерот Бардуљ Даути го почна состанокот со присутните лица околу барањето на компанијта за продолжување на договорот за две години, бидејки тие поради објективни причини не биле во можност во дадениот рок да инвестират според договорот. Министерот се разјасни околу заклучоците на Владата и конкретните мерки со кои може да се соочи во спротивност компанијата. Средбата се одвиваше во позитивна конотација, со согласување помеѓу странките, добра волја за продолжување на започнатиот проект и негогово успешно завршување.

АКТУЕЛНОСТИ: