ДЕМАНТ ДО ТВ АЛФА ЗА ПРИЛОГ ЕМИТУВАН ВО ВЕСТИТЕ

28 февруари 2020

Интегрално го пренесуваме демантот кој беше испратен до ТВ АЛФА, во врска со прилог емитуван во Вестите на 26.02.2020:

Почитувани,

Кабинетот на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска со цел точно, транспарентно и целосно информирање на јавноста Ви испраќа демант на прилогот емитуван во вестите во 17:30 и 22:00 часот на ТВ Алфа на 26.02.2020 година, насловен како „ЗА МИНИСТЕРКАТА АПОСТОЛСКА ИДНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ТИРЗ „ПРИЛЕП“ СЕ ДЕЛОВНА ТАЈНА“, подготвен од новинарката Каролина Дурло, а во врска со посетата на министерката Апостолска, заедно со Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, на компанијата „ВИК груп“ во ТИР-зоната во Прилеп,

ДЕМАНТ

Во врска со погоре наведениот прилог, укажуваме дека од страна на новинарката Бојана Димитриевска во нејзината најава на прилгот, како и во интерпретацијата на новинарка Каролина Дурло изнесена во самиот прилог за посетата, пренесено е новинарско прашање кое не е автентично и не соодветствува на пашањето кое беше поставено од страна на ТВ Алфа до министерката Апостолска и на кое беше даден одговор од нејзина страна.

Во најавата на прилогот дадена од страна на новинарката Бојана Димитриевска се вели: „Министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска, која денеска беше во посета на Прилеп не одговори конкретно на прашањето кои странски инвестиции ги привлекла Владата да инвестираат во овој крај, се оправда дека тоа било деловна тајна“.

Во истиот контекст, во прилог новинарката Каролина Дурло помеѓу другото вели: „На прашањето на Алфа кои нови странски инвеститори во оваа зона досега ги има привлечно оваа Влада, се оправда дека тоа било деловна тајна, но дека континуирано се работело на тоа“.

На настанот, од страна на новинарката на ТВ Алфа беше поставено следново прашање: Конкретно во Прилеп ова се двете компании(н.з. ВИК Груп и Гентерм) кои што беа присутни или поточно договорите беа склучени многу поодамна, сега конкретно дали имаме нешто најави за нови странски инвестиции, ете за Прилеп, за Пелагонија, за ТИРЗ Прилеп“.

На оваа прашање министерката Апостолска го даде следниот одговор:

„Од деловни причини не можам да наведувам имиња, тоа е веќе во фаза кога ќе се донесе одлуката, меѓутоа може да ве уверам дека и покрај процесот на избори, на формирање на техничка Влада, Владата не запира во делот на економските активности, преговори се водат, си течат разговори, појаснувања на инвестициските поддршки и верувам дека ќе продолжи овој тренд за инвестиции за заинтересирани компании и во овој регион, како што и впрочем и сами имате можост да видите колкава е ТИР-зоната, но не само во ТИР-зоната, туку и надвор од ТИР-зоната.“

Новинарката подпраша: „Значи има заинтересирани со кои се водат преговори? “, на што министерката Апостолска потврдно одговори „Секако, да, преговорите не престануваат“.

Согласно ова сметаме дека станува за неточно и видоизменето пренесување на вистинското прашање кое беше поставено до министерката Апостолска. Од наведеното јасно може да се согледа дека прашањето на ТВ Алфа конкрентно се однесува на тоа дали во моментов има најавени нови инвестиции за Прилеп и Пелагонсикиот регион, надвор од постоечките две(се мисли на компаниите Вик Груп и Гентерм), а не за тоа колку странски инвеститори во мандатот на оваа Влада се донесени во овој регион, како што е најавено пред прилогот и во него.

Министерката Апостолска дава јасен одговор дека се водат разговори со потенцијални странски компании кои имаа најавено интерес за реализација на инвестиции во овој регион, а чие име поради природата на разговорите и деловната етика не е во можност јавно да ги соопштува.

Воедно ве информираме дека Кабинетот на министерката Зорица Апостолска поседува адуио-запис од сите новинарски прашања кои беа поставени до министерката Апостолска, вклучително и на прашањето кое беше поставено од страна на новинарката на ТВ Алфа, од каде точно може да се слушне вистинското прашањето кое беше поставено, а кое воедно не беше пренесено во прилогот.

Оттаму, бараме во врска со овој прилог да биде објавен овој демант, согласно Член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

АКТУЕЛНОСТИ: