Mинистерот Даути со Вицепремиерката Царовска и Владин економски тим на средба со Советот на странски инвеститори

31 јануари, 2020 година

На оваа средба беше презентирана анализа на реализирани барања и предлози од „Белата книга 2018“ на Советот на странски инвеститори, а воедно се дискутираше со претставниците на странските компании за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење и за решенија како тие предизвици да се надминат. Вицепремиерката Царовска посочи дека „Ние како Влада ги анализиравме сите предлози доставени од Советот на странски инвеститори, направивме пресек и на овој состанок ќе дискутираме што е направено, а што останува како предизвик да се реализира. Сега ја анализиравме „Белата книга“ на Советот, онаа што ја издадоа во 2018 година и сме на добра стартна позиција, бидејќи Владата и другите државни органи веќе имаатт реализирано околу 10% од нивните барања, а околу 60% се во процедура, истотака и министерот Бардуљ Даути му се придружи со негово излагање за новит закон за стратешки инвестици во Република Северна Македонија и истотака тој одговори и на неколку прашања поставени од преставници на странските компани кои работат во нашата Држава.

АКТУЕЛНОСТИ: