Работна средба на министерот Елвин Хасан со бизнис делегација од Коња

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции оствари работна средба со бизнис делегација од Коња, помеѓу нив претставници и стопанственици на компании од различни дејности. На средбата беше покажан интерес за инвестирање во нашата земја и се дискутираше за потенцијалната соработка.

Од страна на кабинетот на министерот Хасан беше одржана презентација која содржеше детални податоци за сите услови кои се нудат за странските инвеститори како и мерките на Законот за Финансиска поддршка, ТИРЗ-зоните и беше споделено севкупното залагање на Владата за креирање на закони и политики во насока на олеснување на бизнис работењето на инвеститорите. Министерот Елвин Хасан истакна дека за голем број турски компании Северна Македонија се покажала како одличен избор за работење и инвестирање, а заслугата е на подобрените услови и можности во насока на привлекување странски инвестиции и развојот на економијата на земјата.

АКТУЕЛНОСТИ: