Апостолска: Компаниите ја препознаa поддршката на Владата, се реализираат нови инвестиции

29 ноември 2019

Компаниите ја препознаa поддршката која Владата ја дава во насока на стимулирање за реализирање на нови инвестиции за проширување на производствените капацитети, усвојување на нови и напредни технологии, формирање на развојни центри и освојувањето на нови пазари. Охрабрувачка е пораката која ја добиваме од бизнис секторот, бројот на склучени договори согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите од 97 во 2018 година се зголеми на 120 нови и 51 анекс на договор кои годинава беа потпишани со домашни и странски компании, рече министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска при денешната средба со менаџментот на компанијата „Раде Кончар-Контактори и Релеи“ од Скопје.

„Директните придобивки за стопанството кои ги испорачува владниот План за економски раст се должат и на дијалогот кој го водиме со бизнис заедницата во земјава. Потребите на реалниот сектор ја поставија рамката на владините економски политики за инвестирање во силна и стабилна економија. Изградивме воедначен пристап во поддршката на стопанството, домашните и странските компании преку транспарентен и законски втемелен процес ја добиваат финансиската поддршка која им стои на располагање “, рече министерката Апостолска.

На средбата министерката Апостолска беше запознаена со инвестициските планови на компанијата, производствениот процес и производите кои се испорачуваат на светските пазари, при што од нејзина страна беше истакнато дека успешното работење на оваа компаија е потврда за успешните владини економски политики кои се фокусирани и на зголемување на инвестициите од страна на домашните компании.

Од страна на менаџментот на компанијата беа поздравени владините економски политики од Планот за економски раст, притоа оценувајќи дека истиот овозможува одлична и значајна поддршка за континуирано инвестирање и технолошко унапредување на производствените процеси, што дава резултат и во зајакнувањето на конкуретни капацитети за излез и опстојување на светските пазари.

„Раде Кончар-Контактори и Релеи“ е комапнија со домашен капитал која произведува апарати за заварување, контактори и релеи за дистрибуција на електрична енергија. За реализација на нови капитални инвестиции годинава потпиша Договор за финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите .

АКТУЕЛНОСТИ: