Апостолска пред германски компании од Баварија: Со силна и стимулативна економија Северна Македонија е одлично место за инвестирање

31 октомври 2019

 

Северна Македонија е одлично место за инвестирање, за реализација на нови ивнестициски проекти од страна технолошки напредни компании, со силна и стимулативна економија што се должи на активните економски политики на Владата кои овозможуваат сериозна финансиска поддршка за компаниите во реализацијата на нивните инвестициски намери, порача министерката Зорица Апостолска пред менаџментот на две компании од регионот Баварија, со кои имаше одвоени средби во рамки на дводневната работна посета на Германија. Станува збор за производни компании кои доѓаат од секторите производство на стакло и преработка и производство на метални компоненти. Двете компании се наоѓаат во фаза на одлучување за проширување на нивните производствени капацитети надвор од Гемранија и имаат изразено интерес за можностите за инвестирање кои се нудат во Севрна Македонија.

Претставувајќи ги поволностите и предностите за инвестирање во Северна Македонија, како и активните владини економски политики од Планот за економски раст, министерката Апостолска истакна дека сите мерки за поддршка на инвестициите се законски втемелени, транспарентни и јавно достапни, фокусирани на стимулирање на конкуретноста, продуктивноста и создавањето на производ со повисока додадена вредност.

„Северна Македонија има многу што да понуди на странските компании кои ќе одлучат да го прошират своето производство во нашата земја. Стабилна и предвидлива деловна клима, развиени економски мерки кои обезбедуваат конкретна поддршка за технолошки развој и воведување на иновации во производствениот процес, воспоставување на центри за истражување и развој, зајакнување на конкуретноста, создавање на нови и добро платени работни места.“, порача министерката Апостолска на средбите со менаџментот на овие компании, притоа дополнувајќи дека растечкиот тренд на трговската соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, која во првите седум месеци од годинава се зголеми за 18 отсто споредено со минатата 2018 година, зборува за довербата која деловните заедници од двете земји ги имаат помеѓу себе, што може да биде дополнителен инпут во градењето на одлуките на овие компании за реализацијата на нивните инвестициски проекти.

Министерката Апостолска направи обиколка на производствените капацитети на компаниите и ги покани да ја посетат Северна Македонија, непосредно да се уверат во условите за инвестирање и да ги искористат стимулативните владини мерки за реализација на инвестициски проекти.

АКТУЕЛНОСТИ: