Министерот Елвин Хасан во работна посета на битолски компании

Вчера владата ја одржа 159-тата седница во Битола, која е прва од низата седници што ќе се одржуваат во различни региони во државата. Еден од приоритетите на седницата беше одлуката за склучување договори за доделување финансиска поддршка на компании. Со таа цел, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан посети три битолски компании кои во 2018-та добиле финансиска поддршка согласно Законот за Финансиска поддршка.

Една од посетените компании е Принт Солушн, компанија која се занимава со печатење хартија, честитки и картички и рекламен материјал за комерцијална употреба. Од страна на сопствениците на компанијата беа споделени идните планови за развој на работата. Другите две компании исто така се наоѓаат во битолско, Метал Коп е компанија од метална индустрија, произведува алуминиумски профили за прозори и врати, а Бабам Фуд произведува традиционална македонска храна од растително потекло, како што се ајвар, мармалад и слично, дел од производите се извезуваат во Австралија. Министерот Елвин Хасан ги разгледа производствените погони, се запозна со целосниот процес на производство и секојдневното работење, како и со машинеријата која им е потребна за нивното работење. На средбите беше истакната поддршката која компаниите ја имаат во нивното работење со цел да се развиваат и да достигнуваат нови успеси. На вчерашната седница се разгледа и усвои информацијата за склучување договори за доделување на поддршка на 170 компании преку програмите на Планот за економски раст и развој. Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании изнесува 230 милиони евра, со што се отвораат 4577 нови работни места. Владата активно и посветено работи за подобрување на бизнис климата.

АКТУЕЛНОСТИ: