Апостолска: Создадовме деловна клима во која се повеќе компании реализираат реални инвестициски проекти

26 септември 2019

Отворениот дијалог кој го водиме со стопанството во креирањето и водењето на економските политики за поддршка на инвестициите, изградениот институционален сензибилитет за потребите на приватниот сектор, вклучително и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, создаде деловна клима во која се повеќе домашни и странски компании реализираат реални инвестициски проекти, градат нови или ги прошируваат постоечките производствени капацитети, реализираат нови вработувања, истакна министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска при денешната посета на холандската компанија „ВПТЕКС“ во Скопје, која се занимава со производство на работна и заштитна облека.

На работниот состанок со директорката на компанија, Маргарита Јакимовска –Аврамовска, министерката Апостолска истакна дека реалниот сектор во Северна Македонија препознава стабилно и предвидливо економско опкружување, охрабрувачко и стимулативно за инвестиции кои создаваат дополнителна економска вредност и отвора нови работни места.

„Како резултат на континуираниот дијалог со стопанството ги направивме и измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде ги олабавивме критериумите и условите. Оваа соработка сега ја унапредуваме во насока на надминување на проблемот со работната сила, односно преку подготвување на законско решение со кое ќе се субвенционира зголемувањето на платите на вработените од 600 до 6000 денари, за што работодавачите ќе треба да го платат само данокот на личен доход. На овој начин ќе го поддржиме стопанството да добие квалификувана, добро платена и мотивирана работна сила“, рече министерката Апостолска на средбата со директорката на компанијата, Јакимовска-Аврамовска, притоа изразувајќи оптимизам дека „ВПТЕКС“ ќе препознае атрактивно деловно опкружување за реализација на нови инвестициски проекти во земјава.

Министерката Апостослка направи обиколка на производствениот погон на компанијата, се запозна со широката палета на работна и заштита облека наменета за европските пазари.

АКТУЕЛНОСТИ: