Најавен македонско-турски бизнис форум, министерот Елвин Хасан во работна посета на Р. Турција

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                               

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции , Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што учествува на 88-миот Меѓународен Саем во Измир. На саемот учествуваат високи делегации од цел свет кои тука имаат можност да ги зајакнат трговските врски, а исто така да придонесат и за развој на културните односи. Во склоп на саемот се одржуваат и „деловни денови“, на кои се спроведуваат деловни состаноци и се потпишуваат билатерални договори меѓу делегациите, со што се создаваат силни трговски врски.  На деловните денови  во Измир учествуваат 190 делегации, 14 министри од различни држави и регионални стопански и индустриски комори  во покровителство на Министерството за трговија на Република Турција.

Министерот Хасан своето учество го искористи и покани потенцијални инвеститори, при што пред министри, бизнисмени и учесници на саемот ги презентираше подобрените услови за инвестирање на кои владата постојано работи со цел нашата земја да биде привлечна за странските инвеститори, а министерот посебно ги истакна ТИРЗ зоните, кои се примамливи за инвестирање.

Во рамките на својот престој во Република Турција, министерот Хасан оствари низа важни средби како што се Стопанската комора на Измир, Сојузот на извозници од егејскиот регион, Индустриската комора на егејскиот регион, гувернерот на Измир, г-дин Ерол Ајјилдиз и министерката за трговија, г-ѓа Рухсар Пекџан. На средбите се разговараше за актуелните политички случувања, добрите односи помеѓу двете земји кои се негуваат со блиска соработка и поддршка и  за евроатлантските интегративни процеси, кои за нас се исклучително важни и за кои ја имаме апсолутната поддршка на Р. Турција. На средбата со министерката за трговија,     г-ѓа Рухсар Пекџан беше констатирано дека е погоден момент да се прошири трговската размена и да се продлабочи соработката помеѓу двете земји, со кое се дефинираше датумот за организирање на македонско-турски бизнис форум кој се планира да се одржи во средината на наредниот месец  октомври, во Истанбул. Во текот на  работната посета министерот Хасан беше придружуван од страна на Генералниот Конзул на Република Северна Македонија со седиште во Истанбул, г-дин Актан Аго.

АКТУЕЛНОСТИ: