Апостолска: Владата го унапредува системот за поддршка на стопанството

30 август 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес имаше работна средба со регионалната комора при Стопанската комора на Македонија во Струмица, на која беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Претставувајќи ги измените на законот министерката Апостолска истакна дека преку зголемување на опфатот на компаниите кои може да се квалификуваат за мерките и поедноставување на процедурите за аплицирање Владата го унапредува системот за поддршка на стопанството.

„Целта која сакаме да ја оствариме е да ја засилиме динамиката на стопанството преку ослободување на потенцијалот кој е акумулиран во ИТ секторот, секундарното земјоделско производство, како и кај компаниите кои се занимаваат со трговија, а имаат отпочнато продуктивна инвестиција минатата година. Се отвора простор за финансиска поддршка и за градежните компании кои имаат направено набака на машини и опрема, односно имаат развиено производствена компонента во своето работење“, рече министерката Апостолска и дополни дека со последните измени на законот и новоформираните компании добиваат можност да се квалификуваат за некоја од мерките со тоа што ќе бидат исклучени од условот за пораст на приходите од работењето и бројот на вработувања.

Министерката Апостолска ги повика претставниците на компаниите членки на Стопанската комора на Македонија од источниот регион да го искористат дополнителниот простор за финансиска поддршка кој им се овозможува со измените на законот и преку нови инвестиции да дадат инпут во пидигнувањето на нивото на општата благостојба во општеството.

АКТУЕЛНОСТИ: