Mинистерот за привлекување странски инвестиции, д-р. Бардуљ Даути во посета на Берлин

31 јули, 2019 година

Mинистерот за привлекување странски инвестиции, д-р. Бардуљ Даути заедно со Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс се во посета на Берлин каде што остварија средби со д-р. Волкер Трајер, директор на Германската комора за индустрија и трговија (DIHK) во Берлин, Хелге Толксдорф, шеф на одделението за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција, Макси Хулсен, раководител на Одделението за Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија во Германската комора за индустрија и трговија и Ања Квиринг, регионален директор на Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, во Берлин. На тркалезната маса учествуваа и претставници од 6 германски компании, дел од нив се инвеститори во земјата и сакаа да се информираат за понатамошните можности за инвестирање, дел од компаниите сакаа да се запознаат со можностите кои ги нуди Северна Македонија за новите инвеститори. . Mинистерот ги запознаa актуалните и потенцијалните инвеститори со инвестициската клима во земјата, политичкото, економското, фискалното и законското опкружување за водење бизнис како клучни елементи на економската понуда што земјата им ја нуди на странските инвеститори. Исто така, се осврнавме на предизвиците на пазарот на трудот и на институционалните можности што ги нуди Северна Македонија за квалитативно подобрување на понудата на работодавачката сила во пазарот на трудот. Mинистерот Даути jа искористи оваа можност да го сподели личниот став дека секоја економска политика за проширување на ЕУ кон Северна Македонија треба да претходи ефикасни политики кои стим

Vertical Tabs

 

улираат зголемена билатерална трговија и инвестициски текови. Само на овој начин можеме да придонесеме за нормална распределба на колективната благосостојба и да ја стимулираме иселувањето на мозокот (квалификувана младина).Северна Македонија е одлична локација за германските инвеститори како што се покажа во изминатите 10 години, германските компании кои работат во земјата се задоволни од условите, тие вработуваат повеќе од 20.000 лица, а веќе повеќето од нив официјално соопштија дека сакаат да ги големат своите инвестиции, како на пр. ОДВ Електрик, Костал, Кеслер- соопшти Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

АКТУЕЛНОСТИ: