Министерот Хасан во посета на две домашни компании во Велес

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан посети две домашни компании во Велес каде што ги увиде производните капацитети и се запозна со севкупниот процес на производство и нивното секојдневно работење.

Една од компаниите кои ги посети министерот Хасан е македонско-турската компанија која се занимава со производство на цигли, керамички плочи и други градежни материјали, министерот освен што ја разгледа компанијата оствари средба со директорот, г-дин Абдуррахим Бајрактар, кој го изрази своето задоволство од финансиската поддршка која ја добиле со Законот за Финансиска поддршка на инвестиции. “Mirana Foods” е другата компанија која беше посетена од страна на министерот Хасан, која се занимава со производство на повеќе прехрамбени производи како што се кечап, мајонез, сенф и слично. Директорот на компанијата, г-дин Зоран Мирсинов го запозна министерот со почетоците на компанијата и нејзиното проширување и унапредување, денес тие произведуваат повеќе од седумдесет прехрамбени производи од кои што дел се и со бренд на неколку деловни партнери. Двете компании минатата година добиле финансиска поддршка од владата и успешно работат, министерот Хасан им укажа на двете компании дека домашните компании се подеднакво важни како и странските и дека владата работи и усвојува нови мерки и услови за финансиска поддршка со цел да се поттикнат компаниите за нови инвестиции, нови вработувања, подобрување на бизнис климата и општ раст и развој на македонската економија.

АКТУЕЛНОСТИ: