Министерот Хасан во работна посета на Liberty Skopje

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во работна посета на фабриката “Liberty Skopje” која е дел од глобалната “Liberty House Group”, британска компанија која се фокусира на трговија со црни и обоени материјали, рециклирање на метали, производство на челик и алуминиум и инжинерски производи и услуги.

Liberty House Group пред одреден период ја презеде валавницата од АцелорМиттал во Скопје и неколку други европски земји. При посетата министерот Хасан го посети и производствениот погон каде што увиде кои се капацитетите на фабриката, како тече секојдневната работа и какви машини се користат во процесот. Извршниот директорот Волфганг Марингер го запозна министерот со историјата и почетоците на компанијата која кај нас почнала со работа уште во 2005 година и има околу 470 вработени, компанијата исто така соработува со над 300 домашни компании. Директорот Волфганг Марингер на министерот му ги презентираше моменталните услови за работа, плановите и цели за иднина кои вклучуваат зголемување на капацитетите и стремењето кон градење на безбедна работна средина во која вработените се заштитени бидејќи еден од примарните таргети на компанијата е здравјето и безбедноста. Министерот Хасан ја искористи оваа прилика да ги презентира новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се произлезени од потребите изразени од компаниите и со цел да се охрабрат инвеститорите за нови инвестирања во земјава.

АКТУЕЛНОСТИ: