Mинистерот Бардуљ Даути на посета во Струга

 08 јули 2019 година

Делегацијата сочинета од министерот за странски инвестиции, д-р. Бардуљ Даути, заменикот германски амбасадор во земјата, Ото Граф, како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија во посета на германската компанија ODW ELEKTRIK во слободната економска зона во Струга.

Целта на посетата беше стекнување на првични впечатоци околу начинот на работа и услови во кои функционира фабриката. На гостите добредојде им посака Директорот на фабриката г-динот Огнен Цубалевски, кој направи презентации на работата и организацијата на фабриката како и бројните општествените проекти кои ги спроведув во рамки на својата општествена одговорност.

По разговорот беше направена и обиколка на производствените хали каде посетителите имаа можност да го запознааат целиот производствен процес како и дел од современите технологии и нивна имплементација во автомобилската индустрија.

АКТУЕЛНОСТИ: