Министерот Бардуљ Даути во посета на германските компании

04 јуни, 2019 година

Министерот без ресор задожен за привлекување на странски инвестиции, во Владата на Република Северна Македонија, Д-р. Бардуљ  Даути на ден  04.07.2019 оствари посета на германските компании кои оперираат во слободните економски зони на Република Северна Македонија, заедно со делегацијата сочинета од неговиот кабинетски тим, заменик германскиот амбасадор во земјата Ото Граф, како и Патрик Мартенс  директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

 

Посетата се реализираше во германските компании кои во земјава доживеа импресивен развој како што е компанијата на DRAXLMAIER во Кавадарци, INJECTION MOLDING во Прилеп, WIK- Прилеп и MARQUARDT во Велес.

Целта на посетата беше стекнување на првични впечатоци околу начинот на работа и услови во кои функционираат фабриките. На гостите добредојде им посака генералните  директори на компаниите, кои направија презентации на работата и организацијата на своите компании како и бројните општествените проекти кои ги спроведуваат во рамки на својата општествена одговорност. Од страната на министерот Д-р. Бардуљ Даути беше презентирано законот за инвестирање и финансиската подршка за странските компании, владините мерки и политики кои овозможуват реализација на успешен бизнис, исто така министерот се интересираше да се запознае поблиску со проблемите, предизвиците, можностите и потенцијалите за  развој што ги имаат овие компании во среднорочна перспектива.

Министерот заедно со делегацијата ги посети и производствените хали каде имаа можност да го запознааат целиот производствен процес како и дел од современите технологии и нивна имплементација. Членовите на делегацијата ја посетија и специјално прилагодената работилница за учениците кои посетуваат практична настава во фабриката. Дрекслмајер, која  е една од првите компании во земјата кои го спроведуваат моделот на дуално стручно образование по германски стандарди.

АКТУЕЛНОСТИ: