Министерот Даути на средба со германскиот амбасадор Gerberich

30 мај 2019

Министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија, г. Бардуљ Даути, денес на ден 30 мај 2019 оствари работна средба со амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, г.  Thomas Gerberich.

На средбата се разговараше околу соработката и односите во економскиот аспект помеѓу Германија и Република Северна Македонија, а посебно биле фокусирани во можностите за инвестирање во земјава каде амбасадорот спомна дека трговската размена меѓу двете земји стигна околу четири милиарди евра и  спомна дека во процедура е една голема инвестициска проекција во медицинска и фармацевска индустрија.

Министерот го информираше амбасадорот за правната, економска, фискална и политичката средина, кои се дел од потенцијалните мотиви на странските инвеститори за инвестиции во РСМ. Министерот  детално ги информираше за позитивната инвестициска клима и условите што ги нуди македонското законодавство во поглед на инвестиции за компаниите во нашата земја, како и за политиките и економските можности на Владата на Република Северна Македонија кои им се достапни на компаниите со нови мерки за финансиска поддршка за економските зони.

Министерот Даути  го известуваше амбасадорот за веќе закажаната средба со претставниците на стопанската индустриска комора на Германија која ќе се реализира на 31 јули 2019 година во Берлин, каде ќе има и свое обраќање пред неколку потенцијални германски инвеститори.

Двајцата соговорници споделија исто  мислење дека позитивниот извештај на Европската комисија која му препорачува на советот на ЕУ да отвори преговори за членство со РСМ, е успешен политички показател за политичката стабилност, особено на економските институции, на земјата што е исклучително важно за странските инвестиции.

АКТУЕЛНОСТИ: