Посета на министерот ДАУТИ во Р.Словенија

 

Министерот  без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија, Др  Бардуљ Даути, на 25.04.2019,  оствари работна средба со заменик директорот на Стопанската комора на Р.Словенија ( ГЗС), Матеј Рогељ; потпретседателот на УО на ГЗС во областа на мало стопанство и претприемништво и директор на ЗЗИ д.о.о Игор Зорко и директорот на словенечката компанија A.B.S Factoring, Дејан Барбутовски и сов.Бојана Јовановска од Амбасадата на РСМ во Р.Словенија.

На средбата министерот Б.Даути ги презентираше владините марки и политики кои обезбедуваат подршка на странските компании во Р.С.Македонија и поволностите за инвестиции во инфраструктурата во ТИРЗ зоните.Како дел од позитивната екеономска  клима која Владата на РСМ ја создава,  ги истакна измените на домашното законодавство во функција на привлекување инвестиции, накратко образложувајќи го новиот Закон за финасиска подршка на инвестициите.

Зам.Директорот на ГЗС М.Рогељ искажа интерес за подобро запознавање на стопанствениците од словенечката и од македонската страна со цел продлабочување на билатарелната економска соработка.Предложи периодично  да се одржуваат промотивни настани во Р.Словенија во функција на привлекување словенечки инвестици, како и да се детектираат областите на економската соработка меѓу двете држави.

Рогељ го информираше министерот и околу активностите на ГЗС во однос на подготовките за официјалната посета на ПВРСМ З.Заев на Р.Словениј, навестувајќи дека Бизнис форумот е закажан за 15:00 часот на 28 Мај.Предвидено да земаат учество околу 100 словенечки компании на предметниот Бизнис форум, а очекувањата се околу 25-30 компоании од РСМ да земат учество на истиот.За време на посетата на Љубљана министерот Бардуд Даути ја посети и Амбасадата на РСМ во Љубљана.На средбата присуствуваа сов. Бојана Јовановска и првиот секретар Газменд Раими, Амбасадорот Сузана Зеленковска информираше за работата на Амбасадата и активностите насочени за реактивирање на македонско-словенчкиот Бизнис клуб. Го истакна знашењето на овој форум за промовирање на  инвестиционите можности на нашата држава.

Беше оценето дека би било добро при следната посета на министерот Даути да се организира негова презентација пред словенечката бизнис заедница.

АКТУЕЛНОСТИ: