Министерот Бардуљ Даути во Португалија

Министерот  без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија, Др  Бардуљ Даути, во периодот 06.04.2019-10.04.2019,  присуствуваше на глобалниот состанок "Хорасис" каде што имаше свое обраќање на тема  „ ефектите од глобализацијата врз економскиот, политичкиот и општествениот живот во земјите во транзиција.
Министерот Даути за време на неговото обраќање зборуваше  за успешни приказни од бизнисот во Северна Македонија, презентирајќи  релевантни информации за присутните околу бизнис  климата во Северна Македонија, поволната законска рамка за поттикнување на позитивни случувања во приватниот сектор и политичкиот аргумент дека институционалната и политичката стабилност во земјата позитивно влијае врз растот на билатералните инвестициски текови, врз основа на неодамнешната историја на политички успех во креирањето на владините политики во однос на решавањето на прашањето за името и влијанието што оваа политика го има врз стабилноста на екеонмскиот раст резултираше со три пати повеќе на СДИ во Македонија, во споредба со просекот од изминатите 10 години.

АКТУЕЛНОСТИ: