Министерот Хасан на средба со Стопанската комора на Истанбул во Република Турција

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, чија цел е остварување средби со потенцијални инвеститори и привлекување нови инвестиции. Вчера министерот оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Истанбул, г-дин Шекиб Авдагич.

Стопанската комора на Истанбул беше основана во 1882-ра година, кога Османлиската држава одлучи сите претставници на индустрискиот сектор да се во една институција. Денес, Стопанската комора на Истанбул е една од најголемите стопански комори во светот, со регистрирано членство од 350 000.

На средбата министерот Хасан ги презентираше поволностите кои нашата земја ги нуди за инвестирање, владините мерки и политики кои обезбедуваат поддршка на странските компаниите за реализација на успешен бизнис, меѓу другото министерот го покани на посета кај нас на која г-динот Шекиб Авдагич одговори позитивно и кажа дека во иднина е отворен за предлози на министерот Хасан.

АКТУЕЛНОСТИ: