Апостолска на избор на најуспешни жени менаџери: Владата внесува родова сензитивност во економскиот систем

29 март 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера учествуваше и имаше свое обраќање на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, на која беа прогласени 10 најсупешни жени менаџерки за 2018 година. Настанот се одржа во Домот на Армијата на Република Северна Македонија во Скопје, во организација на агенцијата „Марили“ и под покровителство на Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Во своето обраќање на свеченоста министерката Апостолска изрази уверување дека со овој избор ќе се даде импулс во рушењето на стереотипите кои жената ја врзуваат само за домот, за семејството, кои ја парализираат претпримачката иницијатива и економска иновативност, акумулирани во женската популација.

„Како Влада демонстрираме посебна отвореност во нашите политики и истите ги креираме и имплементираме без да правиме било какви фаворизирања по основ на родова припадност, затоа што надминувањето на психолошките бариери во однос на тоа жените да ги гледаме како претприемачи, менаџери, сопственици на компании, станува темелна потреба за остварувањето на долгорочни економски резултати. Нашата цел е да ја развиема економијата на начин кој ќе понуди подеднакава шанса за сите, вклучително и за жените“, рече Апостолска.

Осврнувајќи се на владините политики за поттикнување и поддршка на женското претприемништво, министерката Апостолска истакна дека со „Стратегијата за женско претприемништво 2019-2023 година“, која е заснована планираните цели и активности во областа на женското претприемништво во Европската Унија, Владата внесува родова сензитивност во економскиот систем.

„Со оваа статегијаи се трасира патот за промена на структурата на нашето стопанство, односно постигнување на таргетот на ЕУ 2020 жените да бидат застапени со 40% во управувачките и сопственичките структури на стопанството“, порача Апостолска.

АКТУЕЛНОСТИ: