Работна средба со израелскиот амбасадор, г-дин Дане Орјан и Дејвид Унгар Клајн

 12, Март, 2019

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија, г. Бардуљ Даути, на 12 март 2019 година одржа работен состанок со потенцијални израелски инвеститори кои се заинтересирани за инвестирање во Северна Македонија, кој беше придружуван од израелскиот амбасадор , г-дин Дан Орјан и Дејвид Унгар Клајн.

Министерот Даути во својот говор ги презентираше фискалните олеснување што странските инвеститори можат да ги искористат во слободните економски зони: како што е данокот на добивка кој во првите 10 години е 0%, персоналниот данок на доход за првите 10 години е 0%, ДДВ е 0 %, данок на имот е 0%, акциза 0%. Царините за увоз на суровини и разни опреми се 0%.

Министерот Даути, исто така, ги информираше инвеститорите и со законот за финансиска поддршка за странските и домашните инвестиции, каде што според законот државата дава финансиска поддршка на производствените фирми што ке им овозможи финанцирање по цена од 10% од вкупните инвестициони трошоци, под услов деловниот план на инвестициските да се пројектира и да се реализира тројното на експортот и работодавање.

АКТУЕЛНОСТИ: