Министерката Апостолска се сретна со романскиот амбасадор Станила

11 март 2019

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Романија во Република Северна Македонија, Виорел Станила.

На средбата се разговараше за економските релации помеѓу двете земји, за перспективите кои се отвораат со претседателството на Романија со Европската Унија, како и за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.

Осврнувајќи се на позитивниот економски амбиент во земјава, министерката Апостолска истакна дека рекордното ниво на странски директни инвестиции од 624,5 милиoни евра во 2018 годин е потврда дека Северна Македонија е стабилна и сигурна дестинација за вложување во нови инвестициски проекти на странски компании.

„Политичката стабилност која ја постигнавме со деблокирањето на евро-атланските процеси и владините економски политики за поддршка на инвестициите создаваат позитивен амбинет кој може да биде препознаен и од страна нa романски компании“, порача министерката Апостолска.

Амбасадорот Станила изрази интерес за владините економски политики за стимулирање на странски инвестиции, за што министерката Апостолска го информираше за конкретните форми на финансиска поддршка кои може да ги очекуваат романски компании доколку се одлучат за реализација на инвестиции во земјава.

Од страна на амбасадорот Станила беше изразен оптимизам дека претседатеството на Романија со ЕУ и силната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од нејзина страна, отвора економски перспективи за зголемување на трговската размена и директните инвестиции помеѓу двете земји.

АКТУЕЛНОСТИ: