Даути во Грција- работна средба со заменик председателот на стопанските комори на ниво на Европската унија, г-дин Константин Михалос

31 Јануари, 2019 година

Министерот за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, г-дин Бардил Даути, на ден 31.01.2019 година, беше на службено патување во Грција, каде што имаше работна средба со разни потенцијални компании заинтересирани за инвестирање во Македонија. Министерот Даути се сретна со претседателот на Економската стопанска комора и индустрија на Хеленската држава, кој е исто така заменик-претседател на стопанските комори на ниво на Европската унија, г-дин Константин Михалос.

Соговорниците го споделија ставот дека очекуваната економска соработка меѓу двете соседни земји, Грција и Македонија во иднина ќе се зајакне, уште повеќе со оглед на фактот дека и двете земји успешно успеаја преку Преспанскиот договор да го надминат прашањето за името. На средбата беше разговарано и за можноста за обезбедување на трговски марки на грчките компании што работат во Македонија, каде што министерот Даути нагласи дека по конечното усвојување на Преспанскиот договор, секоја економска соработка меѓу двете земји ќе биде полесна.

Од оваа дискусија соговорниците се согласија дека во блиска иднина треба да се организира уште еден состанок во Скопје меѓу стопанските комори на двете земји, каде потенцијално учесниците на тој состанок можат да бидат претставници на Владата, стопански комори и претставници на приватниот сектор на соодветните земји, Грција и Македонија, кои се заинтересирани за инвестирање.

АКТУЕЛНОСТИ: