Министерката Апостолска: Владата и следната година продолжува со конкретна поддршка за стопанството

22 ноември 2018

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставник на Фондот за иновации и технолошки развој денес реализираа работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица. На средбата стана збор за владините мерки за поддршка на инвестиции и актуелните повици на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании.

Осврнувајќи се на определбите на Владата за поставување на темелите на економскиот раст на нови инвестиции и поттикнување на претприемништвото, министерката Апостолска истакна дека владините економски политики ќе продолжат и во наредната година со конкретна поддршка за стопанството.

„За сите кои сакат да направат исчекор во бизнисот во Буџетот за 2019 година како Влада предвидовме 37% повисока поддршка. Овие средства ќе бидат насочени за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, за нови инвестициони вложувања, за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, за создавање на нови вработувања, за поддршката на малите и средните претпријатија, за иновативната дејност, технолошки развој и истражување, за поддршка на странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони“, рече министерката Апостолска.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски пред бизнис задницата порача дека ги поддржуваат сите иницијативи кои водат кон придвижување на бизнисот.

„Поддршката која произлегува од владините економски политики не е фикција, таа е реална. Очекувам како бизнимени да го препознаете просторот кој се отвара пред вас и да се охрабрите во реализацијата на вашите идеи“, порача Јаневски.

Бисера Јордановска од Фондот за иновации и технолошки развој пред струмчките бизнисмени ги претстави инструментите од т.н. трет столб од владниот План за економски раст, како и актуелните повици за финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании.

Министерката Апостолска работната посета на општина Струмица ја искористи и за средба со менаџментот на компанијата „Фико-пласт“, која е една од компаниите со која Владата има потпишано Договор за финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а се занимава со производство на пластика и производи од пластика. На оваа средба министерката Апостолска беше запознаена со тековните инвестиции на компанијата и идните развојни планови.

АКТУЕЛНОСТИ: