Министерот Даути учествува на XVI -тиот бизнис самит во Виена-Австрија

11- 12, Новембер, 2018 година

 

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Д-р. Бардул Даути на 11 и 12 ноември 2018 година, присуствуваше на XVI економскиот самит на "Бизнис иднината - Австрија", како специјален гостин.

Деловите, на овој самит се фокусираа на инфраструктурата како клучен дел од развојот на бизнисот. Самитот се одржа под покровителство на министерот за инфраструктура, мобилност и транспорт на Австрија, Норберт Хофер. Овој настан зазема посебно значење и за фактот што Австрија претседава со Советот на Европа во втората половина на 2018 година.

Мотото на симпозиумот беше "Зголемување на конкуренцијата преку мерки за подобра инфраструктура". Самитот беше организиран во соработка со Институтот за транспорт и логистика на Бизнис Економскиот факултет на Универзитетот во Виена. Во рамките на овој самит е добитник на наградата "Црвена стрела", годишна оценка за инфраструктурните достигнувања.

"Future Business Austria" (FBA) е најголемата инфраструктурна иницијатива не само во Австрија, туку и низ целиот регион на Централна и Источна Европа. Таа е во функција од 2001 година. Оттогаш, домашните и меѓународните политичари, професионалци, менаџери и експерти се среќаваат еднаш годишно за да дискутираат и да ги оценат најжешките теми, приоритети и нови иновации што се од фундаментално значење за Европската унија . Некои од овие теми се: регионален и меѓурегионален развој. Дигитализација, енергија и транспорт, ИКТ, новата генерација 5g "петта генерација" и иновации.

Целта на оваа иницијатива е да се зајакнат деловните локации и меѓународната конкуренција на Австрија заедно, со признавање на важноста на инфраструктурата како суштински фактор за секоја европска земја. Во рамките на Самитот, министерот Даути имаше билатерални средби со европратеникот и поранешен словенечки премиер, Алојз Петерле, со амбасадорот на Република Косово во Австрија, Сами Укели и амбасадорот на Израел во Република Македонија, Dan Orian.

АКТУЕЛНОСТИ: