Министерот Бардул Даути оствари средба со Амбасадорот на Франција во Република Македонија г.Тимоние

 7,Ноември, 2018

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Д-р. Бардул Даути, vо средата, на 7 ноември, беше примен од амбасадорот на Франција во објектот на амбасадата на Република Македонија.

Дискусијата на средбата најпрво се фокусираше на политичката и економската клима во Македонија и на европските перспективи на земјата. Соговорниците, исто така, се осврнаа на теми поврзани со продлабочување на билатералната соработка помеѓу Франција и Македонија.

Амбасадорот истакна дека постои значително зголемување на интересите на француските компании за земјата, благодарение на нејзината политичка стабилизација и постигнатиот нов напредок, кон подобра регионална интеграција на Балканот, многу суштинска фаза на патот кон европската интеграција.

АКТУЕЛНОСТИ: