Министерот Даути оствари работна средба со компанијата Нормак во ТИРЗ- Тетово

17 октомви 2018, година

Министерот на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, проф. д-р Бардул Даути, на ден 17.10.2018 година одржа работен состанок со компанијата Нормак во слободната економска зона во Тетово.

На овој состанок министерот го причека директорот на фирмата на Нормак, Арбен Халили со неговиот стручен тим кои беа заинтересирани да соработуваат во сите можни институционални и професионални форми.

За време на средбата министерот г. Бардул Даути изрази подготвеност за соработка и детално ги информираше за позитивната инвестициска клима и условите што ги нуди македонското законодавство во поглед на инвестициите за компаниите во нашата земја, како и за политиките и економските можности на Владата на Република Македонија кои им се достапни на компаниите со нови мерки за финансиска поддршка за економските зони.

АКТУЕЛНОСТИ: