Министерот Даути денеска реализираше средба со инвеститори од Канада

4 октомври 2018 година 

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Д-р. Бардул Даути денеска на ден 04.10.2018 имаше задоволство да причека потенцијални инвеститори од Канада кои изразија подготвеност да инвестираат во Република Македонија во областа на фармацевтската индустрија.

Министерот Даути ги информираше инвеститорите за правната рамка што ги поддржува странските инвестиции во фармацевтскиот сектор, а ги најави и со фискални придобивки од кои може да имаат корист после реализацијата на инвестициската активност.

Според министерот Даути, се очекува инвестициите во фармацевтската индустрија да имаат позитивно влијание врз економскиот раст, генерирањето на новите вработувања итн.

Во овој правец се дискутираше и за владината економска програма која ги поддржува позитивните развивања во приватниот сектор како добредојдена стратегија за државата и граѓаните.

АКТУЕЛНОСТИ: