Министерот Даути на средба со Амбасадорката на Швајцарија

 07 август, 2019 година

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во РСМ, Др- Бардуљ Даути беше на официјална средба во Амбасадата на Швајцарската Конфедерација, каде имаше работна средба со Амбасадорката Н.Е Sybille Suter Tejada, на средбата присуствуваше и заменикот на Амбасадорот задолжен за економски прашања г-динот Stephane Tomagain.

Министерката Апостолска: Со конкретни инфраструктурни проекти отвораме потенцијали за нови инвестиции и раст на компаниите

01 август 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес реализираше работна посета на компанијата „ВМЦ Македонија“ во индустриската зона Желино, Тетово, во која е инвестирано италијански и домашен капитал. Компанијата се занимава со производство на бетонски елементи и бетонска галантерија кои наоѓаат широка примена во реализација на инфраструктурни и комунални проекти.

Министерката Апостолска во посета на „Тетекс јарн“: Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите ослободуваме нов економски потенцијал во стопанството

30 јули 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес реализираше работна посета на компанијата „Тетекс јарн“ од Тетово, компанија со бугарски капитал која се занимава со производство на воленени предива и е потписник на Договор за доделување на државна помош, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, за реализирана капитална инвестиција во 2017 година.

Министерката Апостолска во Кромберг и Шуберт: Преку конкретна поддршка на компаниите Владата спроведува силна

26 јули 2019

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес реализираше работна посета на компанијата „Кромберг и Шуберт“ која што работи во индустриската зона Жабени во Битола.

Pages

Subscribe to Министри без ресор RSS