Министерката Апостолска се сретна со полскиот амбасадор Тицињски

27 јуни 2019

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски.

Министерката Апостолска ја посети американската компанија „Теламон“

26 јуни 2019

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес ја посети американската компанија „Теламон“, која минатата година ја започна својата инвестиција во општина Гази Баба, Скопје, каде отвори фабрика за производство на кабли наменети за автомобилската индустрија.

Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава

18 јуни 2019

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес во Владата на Република Северна Македонија прими бизнис делегација од Словачка предводена од Државниот секретар на министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка, Лукаш Паризек и амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш. Во рамки на посетата, пред делегацијата се претставија владините економски политики и можностите кои ги нудат мерките од Планот за економски раст за реализација на инвестиции во земјава.

Вицепремиерот Анѓушев и министерката Апостолска на средба со јапонска бизнис делегација – Република Северна Македонија би можела да биде порта за јапонските компании кон Европа

11 јуни 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денес остварија средба со јапонска бизнис делегација предводена од г. Јошихиро Секи, државниот министер за економија, трговија и индустрија на Јапонија, пред кои ги презентираа можностите за инвестирање во нашата земја.

Pages

Subscribe to Министри без ресор RSS