Договорот за поддршка на новата странска инвестиција на „Скејл Фокус“ ја прави Северна Македонија важно место на мапата на софтверската индустрија

23 декември 2019

Најголемата софтверска компанија од Република Бугарија, „Скејл Фокус“, во наредните 5 години е подготвена да инвестира околу 45 милиони евра, и тоа повеќе од 34 милиони евра во плати за повеќе од 300 работни места, повеќе од 6 милиони евра во давачки за Буџетот на Северна Македонија, повеќе од 3 милиони евра за закупнина на деловен простор, и повеќе од 2 милиони евра за обука и развој на вработените, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на церемонијата на потпишување на државен договор за поддршка на оваа инвестиција во нашата земја.

Потпишан договор за државна помош со чешката Локо Транс: Инвестиција од 15 до 20 милиони евра, 250 нови работни места

19 декември 2019

Владата на Република Северна Македонија и компанијата Локо Транс од Република Чешка, денес го потпишаа договорот за државна помош за инвестицијата во вредност од 15-20 милиони евра во која се планира да се отворат од 250-300 нови работни места.

Апостолска во посета на компанијата „Амикамика“: Планот за економски раст испорачува реални ефекти во поттикнување на инвестициите, технолошкиот разој и зајакнување на конкурентноста

16 декември 2019

Инвестициите во нова опрема и машини, унапредувањето на производствениот процес преку подигнување на нивото на автоматизација која го прави „Амикамика“, претставува пример за реалните ефекти кои ги испорачува владиниот План за економски раст во делот на поттикнување на инвестициите, технолошкиот разој и зајакнување на конкурентноста на македонските компании, порача министерката Зорица Апостолска при денешната посета на „Амикамика“ во Крива Паланка, компанија која годинава има склучено договор за користење на мерки од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Свечено отворена фабриката на „Кранфилд Леарница“: Стартува со работа една од најмодерните фабрики во Европа со плати над просекот во земјата и со голем потенцијал за раст

11 декември 2019

Во Пробиштип, во индустриската зона Неокази, го означуваме стартот на работата на една од најсовремените фабрики од овој тип во Европа, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на настанот со кој се одбележа почетокот на производството на „Кранфилд Леарница“, компанија за производство и обработка на одлеаноци од сиво и нодуларно железо.

Pages

Subscribe to Министри без ресор RSS