Министерката Апостолска ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија пред холандски компании

large_foto06-1.jpg

  06 февруари 2018

  Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денес во Амбасадата на Кралството Холандија, во Скопје, заедно со директорот на Дирекцијата за            технолошко индустриски развојни(ДТИРЗ) Александар Младеновски пред повеќе холандски компании во Македонија ги претставија владините мерки за индустриски раст и                          зголемување на конкурентноста.

  Во поздравното обраќање Амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп нагласи дека транспарентноста во креирањето и спроведувањето на мерките за поддршка на                    инвеститорите е од голема важност, како и воспоставувањето на one-stop-shop систем за обезбедување услуги, информации и поддршка.

„Мерките се транспарентни, се однесуваат како на домашните така и на странските компании, сите ќе бидат третирани подеднакво“, рече министерката Апостолска, притоа нагласувајќи дека целта e генерирање на економски раст базиран на креирање на нови и високо платени работни места.

Во своето обраќање Апостолска посочи дека мерките се концепирани и во насока на поддршка на соработката со домашниот сектор и стимулирање на отворање на технолошко-развојни центри во рамки на компаниите.

Директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски ги претстави поволностите кои државата ги нуди во технолошко-индустриските развој зони, притоа осврнувајќи се и на предностите кои ги има Македонија како поволна бизнис дестинација во однос на земјите од регионот.

Претставниците на холандските компании беа информирани дека законското решение во кое ќе се преточат мерките од Планот за економски раст на Владата е во финална фаза на подготовка и истото во најскоро време ќе биде јавно достапно за сите заинтересирани страни.

АКТУЕЛНОСТИ: