Пред министрите Шапуриќ и Апостолска претставен економскиот форум ФРАНЦИЈА-БАЛКАН 2018

large_foto05022018.jpg 05 февруари 2018
 
 Денес, министерот за подобрување на инвестициска клима за домашните компании проф д-р. Зоран Шапуриќ и министерката за привлекување на странски инвестиции Зорица Апостолска, остварија средба со амбасадорот на Р. Франција Н.Е. Кристиан Тимоние и директорот на канцеларијата Business France со седиште во Атина, Пиер Лињо.
 На средбата Н.Е г-дин Тимоние го истакна интересот на фрацуските компании за регионот и истовремено ги поздрави евро-атлантските аспирации на Р.Македонија и ја напомена поддршката од Р. Франција во тој процес.
 
Г-дин Лињо од BUSINESS FRANCE-државна Агенција во Франција, која им помага на француските компании да бидат присутни на меѓународен план и им помага на меѓународните компании да инвестираат во Франција, го претстави претстојниот Економскиот Форум “ФРАНЦИЈА-БАЛКАН 2018”, кој ќе се одржи во Белград на 30-ти и 31-ви мај. Ова е трет форум и е продолжение на процесите започнати од Берлинскиот процес и самитот во Париз.
На економскиот форум ќе присуствуваат компании од Франција заедно со уште 12 делегации и компании од земјите од регионот. Се очекува присуство на повеќе од 250 учесници, кои ќе бидат фокусирани на 5 сектори и тоа: агроиндустрија, инфраструктура, IT (нови технологии), енергетика со фокус на обновливи извори и туризам. Економскиот форум ќе претставува одлична можност за македонските компании да ги претстават своите производи и услуги со цел да остварат бизнис партнерство и соработка со франциските компании. Учеството за македонските компании на Економскиот форум е бесплатно.
Н.Е. г-дин Тимоние ја истакна важноста на форумот во процесот на зајакнување на трговските врски помеѓу Франција и Македонија.
Министрите Шапуриќ и Апостолска се заблагодарија за можноста која им се нуди на македонските компании и ја повторија заложбата на Владата на Р. Македонија изразена преку Планот за економски раст за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните компании, како и нивно вмрежување со странски компании.
АКТУЕЛНОСТИ: