Министерот Ќахил на Средба со делегација од Република Турција

ааа.jpg Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија Проф. Д-р Аднан Ќахил, денеска оствари средба со делегација од Република Турција, предводена од г-ѓа Нихал Олчок,   жената чиј сопруг Ерол Олчок и 16 годишен син Абдулах Тајип Олчок загина во обидот за пуч на 15-ти Август 2016-та година, г-дин Нешет Чаглајан и градоначалник на Општина Орхангази – Бурса. На     средбата покрај високи функциуонери и академски работници, присуствуваа и членови од турската бизнис заедница.

 

  Министерот Ќахил, како претставник од Владата на Република Македонија и како почесен Претседател на Партијата за движење на турците во Македонија,  ја претстави моменталната состојба на турците во државата, нивната присутност на политичката сцена и додаде дека странските инвестициите се од особено значење на сите граѓани.

27368820_841204159383716_2239700330206204332_o.jpg

  На средбата Министерот Проф. Д-р Аднан Ќахил ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија и одговори на прашањата упатени од страна на гостите.

 

АКТУЕЛНОСТИ: