Средба на Министерот Ќахил со вицепремиерот на Република Турција, Чавушоглу

22.12.2017

1.jpg  Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Проф. Д-р Аднан Ќахил, во просториите на кабинетот оствари средба со вицепремиерот на Република Турција, г-дин Хакан Чавушоглу, кој беше во посета на Република Македонија по повод  21-ви Декември, денот на наставата на турски јазик.

  

 

medium_2_2.jpg   Како дел од дводневната посета на земјата, Чавушоглу, по средбата со Претседателот на Владата на Република Македонија г-динот Зоран Заев, го посети и кабинетот на Министерот Проф. Д-р Аднан Ќахил каде се зборуваше за економската соработка помеѓу двете држави, како и за потенцијалот за зголемување на турските инвестиции во Македонија.

   Вицепремиерот Чавушоглу потенцираше дека Министерот Ќахил, како претставник на турската заедница во Република Македонија ќе биде дел од многуте проекти планирани за развој на образованието.

   На средбата која помина во топла и пријателска атмосфера, присуствуваа и амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е. Тулин Еркал Кара, Претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), г-дин Сердар Чам, како и г-дин Енес Ибрахим, пратеник во Собранието на РМ, новоизбраниот Претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија.

  

 

 

  Министерот Ќахил, во рамките на активностите за денот на наставата на турски јазик заедно со турската делегација беше дел од церемонијата по повод реставрацијата и опремувањето на ОУ„Мустафа Ќемал Ататурк“ во Гостивар, која беше реализирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на општини на Турција.

3_0.jpg

   Прославата започна со свечен прием во Хотелот „Александар Палас“, а потоа продолжи во ВИП Арената „Борис Трајковски“, каде Министерот Ќахил во својот поздравен говор им се заблагодари на организаторите ТИКА и МАТУСИТЕБ (Сојуз на турски невладини организации во Македонија) за придонесот во активностите за одбележувањето на овој празник во Република Македонија, и за да истиот прерасне во традиција. Тој нагласи дека како што се стремел во минатото, така ќе продолжи и во иднината да бидат актуелизирани и решавани проблемите на турската заедница. Исто така вети дека Турците во Република Македонија, секогаш ќе ја имаат неговата поддршка за нивни развојот на образованието и науката, но и во економските и општествените сфери. Министерот истакна дека како претставник на Владата на РМ, ќе го даде својот максимум  како министер за странски инвестиции и како претставник за решавање на проблемите на турската заедница.

medium_4.jpg  На прославата беа присутн голем број министри, пратеници, дипломати, личности од бизнис заедницата, истакнати личности од турската заедница, како и  Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев.

   Централната прослава заврши со концертот на една од најпознатите пејачки од Република Турција, Ханде Јенер која приреди одличен сценски настап пред полната сала на „Борис Трајковски“.

 

АКТУЕЛНОСТИ: