Министерката Апостолска заедно со амбасадорот Пломп ја одбележаа Европската недела на мобилност

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и Амбасадорот на Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп често одат на работа со велосипед. Денес решија тоа да го направат заедно, со цел да ја одбележат Европската недела на мобилност, но и да ги поканат сите граѓани да го следат овој пример.

Двајцата го изразија своето задоволство што гледаат се повеќе луѓе на велосипед, кој е најлесниот, најефикасниот и најеколошкиот начин на превоз за Скопје. Се согласија дека е потребен заеднички труд од централната и локалната власт, како и од граѓаните, со цел Скопје да се направи вело-град, но и дека придобивките од ова ќе ги почувствуваат сите.

Слоганот на овогодинешната Европска недела на мобилност е „Споделувањето те движи напред“, а вкупно 12 града од Македонија веќе имаат пријавено свои активности како дел од оваа мрежа.

АКТУЕЛНОСТИ: