Самак: Конкурентни сме како Кина и ИндијаТрендот на светско дезинвестирање кој го произведе кризата, не ја поколебува Владата. ..."Македонија токму сега може да стане мета на корпорациите кои се притиснати да кратат трошоци"... Ако до пред една година малкумина домашни аналитичари предвидуваа дека глобалната економска криза ќе има силно влијание врз македонската економија, оние кои работат и комуницираат со големите странски компании, беа повеќе од сигурни дека тоа ќе се случи. Нивниот страв дека кризата најпрво и најсилно ќе се манифестира врз влезот на странски инвестиции во земјава, се покажа оправдан. Така, изминатава година привлекувањето и задржувањето на странските инвеститори на македонско тло, стана "ѓаволски" тешка работа. Најавените вложувања на Џонсон мети, Монтипе, Орланди, Искра, Шишеџам и други странски инвеститори во слободната економска зона Бунарџик, со кои Владата потпиша меморандуми за соработка, се одложени. Моментално во Бунарџик произведува само фабриката на Џонсон контролс, а на теренот се гради фабриката на Џонсон мети, која како што најавуваат од Агенцијата за странски инвестиции, во јуни треба да почне со првите прототип производи. Никој не треба да се обвинува за ваквата состојба, бидејќи воздржувањето од нови вложувања се случува секаде во светот. Но, она што треба да се размисли е каква е стратегијата на Македонија за привлекување странски инвестиции? Колку е ефикасна во услови на криза? Дали и како е потребна нејзина промена? Министерот за странски инвестиции, Веле Самак вели дека Владата од почеток применувала повеќекратна стратегија која е одржлива на долг временски период. “Имајќи го предвид краткиот период и досегашниот успех во инвестиции и трајните релации кои Македонија ги има остварено, стратегијата покажува резултати. Во оваа криза кога сите размислуваат на смалени трошоци и нови пазари, фактот дека сме конкурентни со Кина за производство и со Индија за услугите, наидува на сe поголем интерес кај директорите на фирмите”, вели Самак. Тој потсетува дека кризата го отежнува инвестирањето во сите земји во регионот и дека дури сега се откриле тешкотиите за реални инвестиции во земјите како Србија, Романија и Бугарија. “Многу инвестиции во Србија се одложени, како на пример- Фиат. Голем дел на оние милијарди кои влегуваат годишно во Бугарија, се стопирани инвестиции во недвижности. Од Романија се повлекуваат многу фирми од автомобилската, електронската и услужната индустрија. Сето ова може да вроди со зголемен интерес за Македонија”, вели Самак. Линк до интервјуто на интернет страницата на магазинот Капитал. |

