Вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот Аднан Ќахил денеска беа на поставување камен темелник на новата фабрика „Чагатај Кабло“

Вицепремиерот за економски прашања, г-динот Кочо Анѓушев и министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, проф. д-р Аднан Ќахил, денеска беа дел од настанот по повод камен темелник на новата фабрика „Чагатај Кабло“ која ќе се изгради во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1.

Министерот Ќахил ѝ посака бериќетен почеток на компанијата „Чагатај Кабло“ и потенцира дека грижата кон инвеститорите ќе продолжи и во иднина. Тој додаде дека сетот нови мерки за економски раст на Владата на Република Македонија ќе претставуваат поттик за нови инвестиции во земјата.

„Чагатај Кабло“ ото.еле.сис. ДООЕЛ е компанија која ќе произведува кабли и други електрични инсталации за автомобили, автобуси, возила за градежниот сектор и други возила за механизација.
 

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е. Тулин Еркал Кара.

АКТУЕЛНОСТИ: