Средба на министерот Аднан Ќахил со поранешниот премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Проф. Д-р Аднан Ќахил, денеска оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција, Проф. Д-р Ахмет Давутоглу.

Како дел од тридневната посета на Македонија, Давутоглу по средбата со Претседателот на Владата на Република Македонија г-динот Зоран Заев, го посети и кабинетот на Министерот Ќахил и му посака среќа во неговата функција како Министер задолжен за странски инвестиции и како единствен претставник од турската заедница.

Проф. Д-р Аднан Ќахил изјави дека Република Македонија поминува низ еден многу важен период во кој се создаваат услови за подобра иднина.

На средбата која помина во топла и пријателска атмосфера, покрај поранешниот премиер на Република Турција Проф. Д-р Ахмет Давутоглу, присуствуваше и амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е. Тулин Еркал Кара, како и пратеникот Енес Ибрахим, пратеник во Собранието на РМ, од Партијата за движење на Турците во Македонија.

АКТУЕЛНОСТИ: