Апостолска во Солун: Македонија нуди стимулативни услови за нови инвестиции

13 септември, 2018 година

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера и денес(12 и 13 септември) оствари работна посета на Солун, Р.Грција, каде што се оддржува 83-от трговски саем „Хелекспо“. Оваа година почесна земја-гостин на саемот се Соединетите Американски Држави(САД), од каде беа присутни голем број на компании.

Во рамки на дводневната работна посета, министерката Апостолска реализираше повеќе работни средби со претставници на реномирани американски компании од повеќе индустриски сектори, како што е производство на компоненти за авионската индустрија, производство на машини за рециклирање, наменско производство, производство на светлосни уреди, софтверски решенија за игри на сеќа, производство на стаклена амбалажа и текстилната индустрија.

На работните средби стана збор за можностите и стимулативните условите  за инвестирање во Македонија кои се нудат со мерките од владиниот План за економски раст. Од страна на министерката Апостолска беше потенцирано дека со Законот за финансиска поддршка на инвестиции е воведен транспарентен процес на финансиска поддршка за реализација на нови инвестиции од страна на странски компании, при што беше посочено дека владините економски политики се унапредени во правец на поставување на цврста правна рамка, со јасно поставени, јавно достапни и однапред познати  критериуми.

Во рамки на оваа работна посета, министерката Апостолска ја посети и индустриската зона во Солун, каде имаше средба со претставници на компанија која се занимава со производство на абалажа од стакло, а на која од нејзина страна беше детално презентиран пакетот на мерки за поддршка на инвестициите од Планот за економски раст.

АКТУЕЛНОСТИ: