Министерот Даути присуствуваше на Отворените денови на Државниот Универзитет на Љубљана во Скопје

Министерот на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути, на 30/08/2018 беше поканет од страна на високи претставници на Државниот Универзитет на Љубљана во Скопје, Економски Факултет, да присуствува на Отворените денови, што се одржа во просториите на Стопанската Комора на Република Македонија.

Дел од панелот беа министерот за странски инвестиции Др.Бардул Даути, Амбасадорот на Словенија во РМ г.Милан Јазбец, проф.Метка Текавчич - Декан на Факултетот за Економија, г.Бранко Азески - Претседател на Стопанската комора на Македонија, проф. Момир Мрак - професор на Универзитетот во Љубљана.

Министерот Даути за време на својот говор го сподели своето професионално искуство врз основа на академските достигнувања и институционалното искуство што го создаде, охрабрувајќи ги новите генерации да го продолжат своето образование во продуктивна и профитабилна насока за општеството во кое живееме. Исто така, министерот ја истакна својата сегашна активност како министер за странски инвестиции, каде се соочува со големи предизвици во однос на инвестициите и развојот на трговијата, кои се главни фактори во развојот на економијата во нашата земја.

Меѓу другото, тој ги потенцираше политичките прашања во земјата и факторите кои влијаат врз политичката стабилизација на земјата. Според министерот Даути, Република Словенија има добри односи со Р. Македонија, словенечките инвестиции се главно концентрирани во трговската индустрија, осигурувањето и автомобилистичкиот сектор, кои ги поттикнуваат понатамошните словенечки инвестиции во Македонија, особено со влегувањето во сила на Законот за финансиска поддршка на странските и домашните инвестиции во и надвор од индустриските развојни зони.

Министерот Даути им се заблагодари на учесниците со надеж дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се интензивира не само во економски аспект туку и во однос на образованието преку размена на повеќе програми кога станува збор за учениците меѓу двете земји.

АКТУЕЛНОСТИ: