Министерот Даути оствари средба со шефот задолжен за политички и економски прашања на Амбасадата на САД во Макеоднија г-ѓа Шенон Ранион

27 јули, 2018 година

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Д-р. Бардул Даути, на 27.07.2018 (петок) оствари средба со шефот задолжен за политички и економски прашања  на Амбасадата на САД во Р.Македонија г-ѓа. Шенон Ранион.

На средбата се разговараше за билатералните односи помеѓу двете држави, можностите за нивно понатамошно унапредување и поголемо искористување на потенцијалите на Република Македонија од страна на американските компании.

Министерот Даути ја истакна успехот на американските инвестиции во Македонија. Тој додаде дека соработката со САД во економската сфера е во пораст. Во слободните економски зони во Македонија, 40% од странските компании се од американски капитал. Тие заедно создаваат 9500 работни места за граѓаните на Македонија. Македонскиот извоз во САД е зголемен за 28%.

Исто така министерот ја информира г-ѓа Ранион дека во рок од една недела, две американски компании предупредија започнуваање на своите инвестициски проекти на слободната економска зона Скопје 1.

На 23-ти јули беше инаугурирана американската компанија DURA Аutomotive Systems, која произведува делови за возила. На 13-ти јули американската компанија Telamon потпиша договор за реализација на Telamon Europe DOOEL Скопје.

Детално беа презентирани владините економски политики и можностите кои се достапни за компаниите со новите мерки за финансиска поддршка.

Г-ѓа Шенон потенцираше дека политичката стабилизација и работата на реформскиот процес, се значајни фактори за да можат странските компании да инвестираат во Македонија. Таа додаде дека Македонија се подобрува секој ден и се чини дека е во вистински пат за остварување на реформите што ги бара земјата за членство во НАТО и ЕУ.

Двете страни изразија интерес за понатамошно продлабочување на односите на економски основи, за зголемување на трговската размена и подигање на нивото на инвестициите.

АКТУЕЛНОСТИ: