Министерот Бардул Даути оствари средба на општина Струга

19 јули, 2018 година

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции г.Бардул Даути, на 19.07.2018 (среда) оствари средба со градоначалникот на општина Струга г. Рамиз Мерко и претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија г.Неби Хоџа.

На средбата се разговараше  за можностите за зајакнување на односите меѓу домашните и странските компании и капацитетите кои ги поседува локалната заедница за воспоставување на деловните односи со странските инвеститори.

Од страна на министерот Даути беа презентирани владините економски политики и можностите кои се достапни за компаниите со новите мерки за финансиска поддршка.

Двете страни изразија интерес за соработка помеѓу Локалната и Централната Власт, понатамошно продлабочување  на односите на економски основи и подигање на нивото на инвестициите.

АКТУЕЛНОСТИ: