Министерот Бардул Даути оствари средба со амбасадорот на Словенија во Република Македонија г. Јазбец

11 јули, 2018 година

Министерот без ресор задожен за привлекување на странски инвестиции, во Владата на Република Македонија Д-р. Бардул Даути на 11.07.2018 (среда) оствари средба со Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г. Милан Јазбец.

За време на состанокот, соговорниците разговараа за развојот на евроатлантските процеси во земјата, истакнувајќи ја важноста на политичката стабилност на земјата како клучен индикатор за зголемување на економскиот раст на Македонија преку инвестициските текови.

Заеднички беше констатирано дека билатералната соработка помеѓу двете држави е во високо ниво  и се очекува оваа соработка ќе се интензивира со нови инвестиции и ќе има позитивно влианије врз трговските размени меѓу двете земји.

Министерот Даути изрази интерес за посета во  Република Словенија со цел  остварување на средби со потенцијални инвеститори  како и со Стопанската комора на Словенија каде што ќе има можност да ги информира  за Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кој овозможува стимулирање и поддршка на странските компании, на еден транспарентен начин.

На средбата се потенцираше дека словенечките инвестиции се фокусирани на трговската индустрија но и потребата за проширување  на можностите и во други сфери со цел поттикнување и стимулирање на инвестициите.

АКТУЕЛНОСТИ: