Министерот Даути оствари средба со политичкиот секретар на Амбасадата на Велика Британија во Макеоднија г. Иан Крамман

12 јули, 2018 година

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Д-р. Бардул Даути, на 12.07.2018 (четврток) оствари средба со политичкиот Секретар на амбасадата на Велика Британија во Македонија г. Иан Крамман.

По завршување на мандатот на поранешниот амбасадорот г.Чарлс Гарет, министерот Даути се заблагодари за придонесот на  амбасадорот во Република Македонија.

На средбата се разговараше за билатералните односи помеѓу двете држави, можностите за нивно понатамошно унапредување и поголемо искористување на потенцијалите на Република Македонија од страна на британските компании, како и политичката стабилност поврзана со членството на Македонија во НАТО.

Министерот Даути ја истакна успехот на британските инвестиции во Македонија, особено во поглед на растот на извозот. Како позитивен пример се спомна компанијата Johnson Matthew, која генерираше 350 работни места.  

Детално беа презентирани владините економски политики и можностите кои се достапни за компаниите со новите мерки за финансиска поддршка.

Двете страни изразија интерес за понатамошно продлабочување на односите на економски основи, за зголемување на трговската размена и подигање на нивото на инвестициите.

АКТУЕЛНОСТИ: