Министерот Бардул Даути оствари средба со Амбасадорот на Франција во Република Македонија г.Тимоние

16 јули, 2018 година

Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Д-р. Бардул Даути, на 16.07.2018 (понеделник) оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, г. Кристијан Тимоние.

На средбата се разговараше за економската релација помеѓу двете земји, можностите за нивно понатамошно унапредување, важноста на билатералната соработка во однос на растот на обемот на трговијата на ниво на извоз и увоз и искористување на потенцијалите во Република Македонија.

Амбасадорот Тимоние потенцираше дека политичката стабилизација и работата на реформскиот процес, се значајни фактори за да можат странските компании да инвестираат во Македонија. Исто така изрази  поддршка за остварување на реформите што ги бара земјата за членство во НАТО и за референдумот што се очекува да се случи во наредните месеци.

Меѓу другото, амбасадорот Тимоние става посебен акцент на проектот за изградба на Центарот на Агенцијата за развој на Франција, кој ќе вклучува и неколку држави од Западен Балкан.

АКТУЕЛНОСТИ: